• недела, 28 јули 2024

Продолжува судењето за случајот „Тортура“

Продолжува судењето за случајот „Тортура“
Скопје, 23 април 2021 (МИА) - Во Основниот кривичен суд - Скопје, со испрашување на сведоци на одбраната, како дел од дополнение на доказна постапка, денеска продолжи судењето за случајот „Тортура“. Прв обвинет во овој случај е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, кој во обвинението поднесено од поранешното СЈО, е осомничен за кривично дело „мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“ од член 142 став 1 в.в. со член 23 од КЗ. За истото кривично дело се осомничени и шест поранешни припадници на единицата „Алфа“. Случајот „Тортура“ го води судијката Александра Ристеска, додека обвинението го застапува јавниот обвинител Љубомир Лапе. ар/аа/

Тагови

Остани поврзан