• четврток, 26 декември 2024

Продолжува расправата за избор на новите министри

Продолжува расправата за избор на новите министри

Скопје, 23 февруари 2023 (МИА) – Собранието вечерва продолжи со расправата за избор на новите членови на Владата. Нови министри предложени од Владата се Кренар Лога за правда, Фатмир Меџити за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и администрација и Каја Шукова за министер за животна средина.

-За избор на членови на Владата дискусијата е заедничка, а гласањето е поединечно, рече претседателот на СобраниетоТалат Џафери.

Претходно денеска во рамки на 104-та седница за владината реконструкција, Собранието ги разреши министерите од Алтернатива - за здравство Беким Сали, за информатичко општество и администрација Адмирим Алити и министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи.

На 104. седница треба да бидат разрешени и замениците-министри за одбрана, за земјоделство и за образование и наука, Башким Хасани, Абдулшуќур Абедини и Лулзим Алиу и да бидат избрани нивни заменици.

На стартот на седницата што почна на 13 февруари, беа констатирани оставките на министрите за правда Никола Тупанчевски и за животна средина Насер Нуредини, како и на замениците-министри за здравство Владимир Рендевски и за правда Агим Нухиу. мс/аа/

Остани поврзан