• четврток, 26 декември 2024

Продолжува проектот за подобрување на социјалните услуги за старите и изнемоштени лица во Македонска Каменица

Продолжува проектот за подобрување на социјалните услуги за старите и изнемоштени лица во Македонска Каменица
Македонска Каменица, 7 февруари 2022 (МИА) - Во Македонска Каменица продолжува имплементацијата на проектот „Дигитилизација на Социјалните услуги за грижа на стари и изнемоштени лица во руралните средини“. Проектот го спроведува Еколошкото друштво „Здравец 2002“ во партнерство со Здружение на пензионери од Македонска Каменица и „Глас на еднаквост“ поддржан од општината.
- Во предвидените активности на проектот обезбедени се 50 ЏПС нараквици, како техничка опрема за Диспечерскиот центар, а веќе имаме обучен мобилен тим кој веќе работи на терен во руралните средини, истакна Миран Митревски, претседател на Еколошкото друштво ,,Здравец 2002".
Меѓу мобилниот тим, како дел од проектот, како што додаде Митревски, вклучен е обучен диспечер како и други стручни лица меѓу кои Социјален работник и психолог за поддршка на старите и изнемоштени лица.
- За таа цел изработена е и социјална карта за стари и изнемоштени лица во руралните средини заедно со Здружението на пензионери во Македонска Каменица, додаде Митревски.
Иновативниот проект финасиран од страна на Цивика мобилитас за првпат се спроведува на територијата на општина Македонска Каменица. вс/ар/

Остани поврзан