• среда, 20 ноември 2024

Продолжува потрагата по Петар, над 100 полицајци и хеликоптер трагаат, граѓаните кои сакаат да помогнат да се пријават во полицијата во Витолиште

Продолжува потрагата по Петар, над 100 полицајци и хеликоптер трагаат, граѓаните кои сакаат да помогнат да се пријават во полицијата во Витолиште
Скопје, 28 февруари 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивната потрага по детето Петар Џобоски, за кое неговиот родител во петокот вечерта пријави дека се оддалечило од домот во село Врбско, Општина Прилеп. Интензивната потрага продолжува се до пронаоѓање на детето. Поради големиот интерес на граѓани кои сакаат да се вклучат во потрагата, а со цел подобра координација, МВР ги упатува да се јават на телефонскиот број на дежурната служба во село Витолиште 071 268-594. - Уште еднаш апелираме и до сите граѓани доколку имаат било каква информација која би помогнала за пронаоѓање на детето, да ја споделат веднаш со полицијата и да помогнат во потрагата, наведуваат од МВР. Во потрагата се ангажирани 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња, како и дрон, а во потрагата се вклучени и членови на Територијалната противпожарна единица Прилеп, членови на спасителната служба „Златоврв“, ловното друштво „Мукос“-Прилеп, жители на околните села, како и граѓани доброволци од неколку градови. цр/сп/

Остани поврзан