Продолжува потрагата по исчезнатиот македонски државјанин во Грција
- Според информациите на грчките надлежни служби, потрагата по нашиот исчезнат државјанин во Грција продолжува и утре, шести ден.

Скопје, 13 јули 2022 (МИА) - Според информациите на грчките надлежни служби, потрагата по нашиот исчезнат државјанин во Грција продолжува и утре, шести ден.
Како и досега во потрагата ќе бидат вклучени неколку брода на грчката крајбрежна стража, хеликоптер, како и возило на копно и волонтери од локалното население.
- Нашите претставништва остануваат во постојан контакт со надлежните институции на Грција и семејството на исчезнатото момче, и секоја нова информација навремено ќе биде пренесена, информираа од Министерството за надворешни работи. цр/