• недела, 22 декември 2024

Продолжува изградбата на нови секундарни канализациски краци во село Костурино

Продолжува изградбата на нови секундарни канализациски краци во село Костурино
Струмица, 1 јули 2022 (МИА) - Во селото Костурино продолжи изградбата на нови секундарни канализациски краци и наскоро се очекува да заврши поставувањето на целата канализациска мрежа од која досега се изградени 750 метри од вкупно 1100. Според градоначалникот Костадин Костадинов, по завршувањето на изградбата ќе се пристапи кон поставување приклучна мрежа за домаќинствата. - Оваа активност се спроведува согласно барањата на жителите од населено место Костурино на средбите што со нив ги имав во мојот кабинет и на тој начин овој ангажман доби приоритет. На реализацијата и претходеше изработка на проект за изведба на секундарни канализациски краци во село Костурино од страна на Општина Струмица и ЈПКД „Комуналец“, рече Костадинов. Договорот за реализација на проектот во вредност од 4.700.273,00 денари беше потпишан во април, а средствата се обезбедени од општинскиот буџет. рт/ар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан