• четврток, 23 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Продолжуваат санациите во училиштата во Ѓорче Петров 

Продолжуваат санациите во училиштата во Ѓорче Петров 

Скопје, 30 јули 2025 (МИА) - Во текот на летниот период, додека учениците се на распуст, Општина Ѓорче Петров интензивно работи на санации, реконструкции и унапредување на условите во сите основни училишта на својата територија.

Градоначалникот Александар Стојкоски денес изврши увид во тековните активности во ООУ „Страшо Пинџур“, каде се реализира санација на оштетените подовите во училниците и ходниците, на површина од 780 квадратни метри. Се заменуваат сите дотраени врати, а за првпат се интервенира и на водоводната и канализациската мрежа, која досега не била обновена. Паралелно, се врши и санација на санитарните јазли, со што значително се подобруваат внатрешните услови за наставниот процес.

-Во изминатиот период, во истото училиште се реализирани повеќе значајни зафати: заменет е азбестниот покрив на спортската сала и училиштето, изградено е ново фудбалско игралиште по најсовремени стандарди и поставено е современо ЛЕД осветлување, информираат од општината.

Градоначалникот Стојкоски, како што велат, ја истакна определбата на Општината за континуирано и систематско унапредување на образовната инфраструктура. 

-Како дел од капиталните вложувања преку повикот на Владата, предвидена е доградба на две основни училишта – со што се создаваат услови Ѓорче Петров да стане единствена општина во Скопје со едносменско одвивање на наставата, посочуваат од општината.вј/

Фото: Општина Ѓорче Петров

Остани поврзан