• недела, 06 октомври 2024

Продолжуваат протестите против пензиските реформи во Франција

Продолжуваат протестите против пензиските реформи во Франција
Париз, 24 јануари 2020 (МИА) - Во очекување француската Влада денеска да го претстави предлог-законот за реформи на пензискиот систем, синдикатите го продолжуваат штрајкот низ целата земја, но во помал број од претходно. Активисти на синдикатите се собраа во источниот дел на Париз од каде почнаа протестен марш. Денеска нема да работи Ајфеловата кула, а музејот Лувр и дворецот Версај ги предупредија посетителите дека е можен прекин во работата. Патниците 50-ти ден по ред и денеска се соочуваат со проблеми во сообраќајот на регионалните возови и метрото во Париз. Штрајкуваат и некои училишта и други јавни служби. јт/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан