• понеделник, 23 декември 2024

Продолжуваат протестите во Англија, и навивачите на Арсенал против американскиот сопственик

Продолжуваат протестите во Англија, и навивачите на Арсенал против американскиот сопственик
Лондон, 23 април 2021 (МИА) – Неколку илјади навивачи на Арсенал се собраа пред стадионот „Емирати“ во северен Лондон во пресрет на вечерашниот премиерлигашки натпревар против Евертон, барајќи оставка од американскиот сопственик на клубот Стан Кронке, поради вовлекувањето на екипата во европската Супер лига. „Кронке оди си“ порачаа незадоволните навивачи на Арсенал од последниот во низата протести во Англија поради првичната поддршка на раководствата на шест премиерлигаши на европската Супер лига, од која набрзо се повлекоа под притисок на јавноста. Протести изминатите денови одржаа и навивачите на Челзи, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул и Тотенхем. Тренерот на Арсенал Микел Артета, коментирајќи ги вечерашните протести, истакна дека навивачите имаат право да го изразат своето мислење. Арсенал е во доминантна сопственост на 73-годишниот американски милијардер од 2018 година. ег/гт/

Остани поврзан