• среда, 27 ноември 2024

Продолжуваат активностите за уредување и санирање на кејот на Вардар

Продолжуваат активностите за уредување и санирање на кејот на Вардар
Скопје, 7 септември 2022 (МИА) - Екипи на ЈП „Улици и патишта“, по налог на Град Скопје деновиве интензивно вршат активности за санација на оштетените патеки на кејот, како и активности со рачното и машинско чистење на косините на реката Вардар.-Продолжуваат активностите за санирање на пешачките и велосипедски патеки на кејот, изминатиов период санирана е оштетената површина на пешачката патека на потегот од од мостот  „Обединети Нации" во долниот дел кон мостот кај хотел „Александар Палас" на насипот на река Вардар, каде што беа и санирани и оштетени заштитни столбчиња. Санирана е патеката кај МАНУ и велосипедската патека под мостот „8-ми Септември“, како и голем дел од површината на велопатеката која е во насока од мостот Влајко во долниот дел од кејот кон амфитеатарот, велат од ЈП „Улици и патишта“. Рачното и машинско чистење на нискостеблестата и погуста вегетација од косините и коритото на реката се одвивало на потегот од мостот „8-ми Септември“ кон Центар од двете страни, потоа екипите продолжиле од мостот кај МАНУ и рачно ја исчистиле обраснатата трева од косините од десната страна, а екипи со машинското чистење го поминаа потегот од хотел „Александар Палас“ до делот под булеварот Никола Карев. Рачното чистење, велат од јавното претпријатие, е со тримери и со нив се коси обраснатата трева, а со машинското се собираат гранките и се отстранува наталожена земја и погуста вегетација од коритото на реката. Исчистени се и скалилата на овој потег со обрасната трева, а моментално екипи ги чистат скалилата пред игралиштата за одбојка на кејот на река Вардар. Денеска екипите продолжуваат со санација на велопатеката која е во насока од мостот Влајко во долниот дел од кејот кон амфитеатарот, а екипите кои се задолжени за машинското и рачно чистење во наредните денови продолжуваат со активностите за чистење на потегот од ПИОМ кон мост „Близнак“. сст/лв/

Остани поврзан