• петок, 08 ноември 2024

Продолжен притворот на Габриел Бајрам

Продолжен притворот на Габриел Бајрам
Скопје, 5 август 2022 (МИА) – Советникот од Град Скопје, Габриел Бајрам, кој е осомничен за насилство, по истекот на осумдневниот притвор доби продолжување на мерката притвор за уште 30 дена. Директорот на затворот „Скопје“ во Шуто Оризари за МИА изјави дека до нив е стигната потврда за продолжување на притворот. Согласно одлуката на Кривичниот суд, мерката за продолжување на притворот е поради проценката дека осомничениот би можел да се даде во бегство. Кривичната пријава за Бајрам беше поднесена откако во угостителски објект во Скопје на семејна веселба повредил еден од вработените и го кршел инвентарот во објектот. вг/бак/

Остани поврзан