• четврток, 26 декември 2024

Продолжено работно време и работење во викенд за да се одговори на барањата на граѓаните за нови лични документи

Продолжено работно време и работење во викенд за да се одговори на барањата на граѓаните за нови лични документи
Скопје, 15 јули 2021 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети Одделението за управни работи-Скопје, при Одделот за граѓански работи, кое периодов работи со продолжено работно време, вклучително и во текот на викендите, со единствена цел, граѓаните кои имаат потреба од издавање на нови лични документи да можат навремено да си го остварат своето право. - Имено, од 5 јули, по успешно спроведената завршна фаза на миграција на податоците на новиот, надграден систем, стартуваше издавањето на новите патни исправи и возачки дозволи, усогласени со Уставот, во делот на новото уставно име на државата, во кои се имплементирани и одредбите од Законот за јазици на Република Северна Македонија. Притоа, како што е веќе информирана јавноста, личните документи со името Република Македонија ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во документот, а најдоцна до 12 февруари 2024 година, соопштија денеска од МВР. Како што информираа од Одделението за управни работи, овој период секоја година, со исклучок на минатата, е зголемен интересот на граѓаните за добивање на документи, а оваа година, по олабавување на мерките против пандемијата, стои во соопштението, интересот е енормно зголемен, бидејќи граѓаните во претходниот период не ги обновувале документите, поради затворените граници како последица од Ковид кризата. - Така, само во јуни биле издадени околу 42.000 патни исправи, околу 20.000 лични карти и околу 10.000 возачки дозволи, додека во периодот од  05.07.2021 до 14.07.2021, примени се вкупно 41.864 барања за лични документи, имајќи предвид дека дневно во последниве три месеци се регистрираат по околу 3000 телефонски и 1000 електронски закажувања за лични документи. Обрасци од сите лични документи има во доволен број, а издавањето на готовите документи продолжува со несмален интензитет за да им се излезе во пресрет на граѓаните, се наведува во соопштението од МВР. Инаку, Одделението за управни работи, работеше без прекин во услови на пандемија, за што министерот Спасовски на вработените им упати благодарност за посветеноста и најави реконструкција на објектот, со цел создавање подобри услови за вработените, но и за граѓаните. цр/лв/

Остани поврзан