Продолжена одлуката за евакуација на жителите на селото Акротири во непосредна близина на британските бази на Кипар
- Одлуката за евакуација на жителите од општинската единица Акротири што се наоѓа во непосредна близина на британските воени бази во југоисточниот дел на Кипар, со одлука на Министерството за внатрешни работи е продолжена до петок, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 9 март 2026 (МИА) – Одлуката за евакуација на жителите од општинската единица Акротири што се наоѓа во непосредна близина на британските воени бази во југоисточниот дел на Кипар, со одлука на Министерството за внатрешни работи е продолжена до петок, јави дописничката на МИА од Атина.
Селото беше евакуирано минатата седмица веднаш по нападот со беспилотно летало, а жителите се во привремено сместување или кај нивни роднини.
Од Министерството за внатрешни работи на Кипар денеска информираа дека одлуката ќе биде во сила до петок, кога одново ќе се разгледа врз основа на процената на состојбата.
Претпладнево повторно беа активирани сирените кај британските воени бази, меѓутоа не беше откриено ништо сомнително или каква било закана.
Портпаролот на Генералната дирекција на Цивилната одбрана на Кипар, Панајотис Лиасидис во четвртокот за МИА рече дека во понудениот привремен престој, сместени се околу 250 лица. ср/сд/
Фото: МИА