• понеделник, 16 декември 2024

Проданоски: Експресниот пат Градско-Прилеп ни од далеку не е готов

Проданоски: Експресниот пат Градско-Прилеп ни од далеку не е готов

Скопје, 4 мај 2024

Тука сме на лице место за да ги разобличиме лагите кои што СДСМ се обидуваат да ги пласираат до јавноста.

Овде во Дреновската клисура каде што сме на самиот старт на почетни градежни активности, а за кои што слушнавме дека во 90 % експресниот пат е завршен. Овие се истите лаги исто како оние на почетокот на нивниот мандат кога Фејсбук и Гугл чекаа на граница, истите лаги како фабриката за автомобили во Тетово.

Но, македонските граѓани треба да видат и да знаат дека овде на ова место е сам старт на почеток на градежни активности, а не е видлив ниту крајот на она како што тие сакаат да го пласираат.

Да не зборувам тука и за третата фаза од експресниот пат за која што има обезбедено средства и за која што можеше исто да биде завршена ако не беа платени пеналите кон компанијата на која што и се бараше рекет за да остане да го гради автопатот и се изгуби значително голем период од изградба на патот и барање на друга компанија.

Почитувани граѓани,

На лагите од СДСМ им нема крај, овие лаги мора да завршат, затоа на 8-ми мај ве повикувам сите да заокружите број 2 за да и ова автопатско решение биде завршено и биде ставено во функција на секој граѓанин на Република Македонија.

Линк од ФБ објава на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: 

https://www.facebook.com/watch/?v=816667987000209

Дејан Проданоски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Принтскрин од видео

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан