• среда, 25 декември 2024

Продажбата на БМВ лани помала за 8,4 отсто

Продажбата на БМВ лани помала за 8,4 отсто
Минхен, 12 јануари 2021 (МИА) - Германскиот производител на автомобили БМВ денеска објави дека лани е забележан пад на продажбата на нивните возила од 8,4 отсто. Причината за тоа е пандемијата на коронавирусот, бидејќи многу продажни места низ целиот свет беа затворени со месеци. Сепак, побарувачката бележи благ пораст во четвртото тримесечје, зголемувајќи се за 3,2 насто во споредба со истиот период 2019 година, како што соопштуваат од компанијата. - Успеавме да ја завршиме годината со стабилен четврти квартал и уште еднаш да поведеме, во однос на премиум-автомобилите ширум светот, изјави Питер Нота, член на Управниот одбор на компанијата. Компанијата со седиште во Минхен лани продала вкупно 2.324.809 возила. Во Европа продажбата паднала за 15,7 отсто, а во САД - за 18 отсто. Во Кина, каде што пандемијата започна, но и се стави под контрола побрзо отколку во повеќе други делови од светот, продажбата минатата година покажа тренд на опаѓање од 7,4 насто. си/сд/

Остани поврзан