• сабота, 23 ноември 2024

Програмите за социјална заштита и родова рамноправност на мажите и жените за 2023 година доби поддршка од делчевските советници

Програмите за социјална заштита и родова рамноправност на мажите и жените за 2023 година доби поддршка од делчевските советници
Делчево, 25 февруари 2023 (МИА) - Делчевските советници ја усвоија Програмата за социјална заштита за 2023 година. Целта на програмата, како што истакна Сузана Петровска Сузана Петровска, советник за вработување и информативен систем за човечки ресурси при Општина Делчево е развој на интегриран, транспарентен и одржлив систем на социјална заштита кој ќе обезбеди достапни, ефикасни и квалитетни мерки и услуги креирани според потребите на граѓаните, вклучително на потребите и на жените и на мажите во Општина Делчево. 
 
-Специфичните цели на програмата меѓу другото се однесуваат на остварување на социјална заштита на лица/семејства во социјален ризик, маргинализирани групи, лица/семејства погодени од несреќи и други елементарни непогоди и лица со посебни потреби, развој на социјални мерки за невработените лица кои тешко се снаоѓаат на пазарот на трудот, обезбедување помош и грижа за децата, учениците и студентите, обезбедување мерки и услуги за старите лица како и промовирање нови социјални услуги, рече Петровска.
 
Во однос на програмата за родова рамноправност на мажите и жените на Општина Делчево и работа на Комисијата за еднакви можности за 2023 година која исто така беше усвоена од делчевските советници на 19-тата одржана седница, определени се пет приоритетни области на делување.
 
-Тоа се областите човекови права и родова еднаквост во рамки на под-областите: политика, родово базирано насилство и економија; Партиципација во креирање и имплементација на локални и јавни политики; Едукација и јакнење на капацитетите за родовата еднаквост и родова сензибилизација на КЕМ, локалните институции, граѓанското општество и целокупното население; Вклучување на родовата перспектива во јавните политики кои се носат на локално ниво за ублажување на ефектите од климатските промени и енергетската криза како и Подигање на свеста кај жените и мажите за контролирање на здравјето, додаде Игор Жежовски, советник за еднакви можности.
 
Советoт на Општина Делчево ја усвои и Програмата за решавање на проблемот со кучињата -скитници на територијата на Општина Делчево, чија цел е утврдување на активностите за отстранување на кучињата-скитници, организацијата и обемот на извршување на активностите, како и посебните финансиски средства. вс/мс/

Остани поврзан