• сабота, 23 ноември 2024

Програма која не дозволува голи фотографии

Програма која не дозволува голи фотографии
Токио, 21 февруари 2020 (МИА) - Јапонската компанија Тон Мобил создаде телефон опремен со вештачка интелигенција што знае кога корисникот се обидува да сними „секси селфи". Имено, ако програмата регистрира голо тело, самосликот нема да биде можен. Наместо тоа, ќе добиете предупредување „Фотографијата не е снимена поради недозволена содржина“. Целта на овој систем на заштита не е да ги спречи возрасните да си испраќаат фотографии. Тон Мобил сака да ги заштити децата од интернет-изнудување, заведување и уценување. Родителите можат да ја прилагодат апликацијата и за да добијат предупредување на својот телефон, ако нивното дете се обиде да направи гола слика од нивното тело. Цената на овој телефон во Јапонија е околу 180 евра. си/

Остани поврзан