• четврток, 26 декември 2024

Прогласувањето престолонаследник на Јапонија ќе се одвива според планот

Прогласувањето престолонаследник на Јапонија ќе се одвива според планот
Токио, 16 март 2020 (МИА) - Во Јапонија веројатно, како што е планирано, ќе се одржат ритуалите за формално издигнување на престолонаследникот Фумихито, како прв во редот да го наследи престолот. Но ќе бидат преземени чекори за да се спречи ширењето на коронавирусот на тие настани, соопшти денеска јапонската Влада. Генералниот секретар на Владата, Јошихида Суга изјави на прес-конференција дека ќе бидат спроведени сите потребни подготовки за одржување на церемониите, а ќе се преземат и сите можни мерки да се спречи ширење на заразата. Принцот Фумихито (54) стана прв во редот наследници откако неговиот постар брат Нарухито го презеде престолот на 1 мај минатата година, по абдикацијата на поранешниот крал Акихито. Се очекува серијата ритуали да се одржат во стилот на настаните од 1991 година, кога Нарухито е прогласен за престолонаследник. Двете церемонии, кои се основен дел на ритуалот, ќе се одржат на 19 април. На првата Фумихито ќе биде прогласен за престолонаследник, а на другата тој првпат во оваа улога ќе се сретне со кралот и кралицата. Владата разгледува начини како да се намали обемот на двете прослави во дворецот на 21 април. Претходно беше планирано да бидат поканети 750 гости, меѓу кои и премиерот Шинѕо Абе и странските амбасадори во Јапонија. Уште пред избивањето на епидемијата на Ковид-19 одлучено е бројот на банкетите да се намали на два во еден ден, наместо три во два дена, со цел да се намалат трошоците и да немаат притисок членовите на кралското семејство.
Абе минатата недела побара поради коронавирусот да се откажат или одложат големите спортски натпревари и културните настани. Бројот на заразени со коронавирус во јапонија надмина 1.500 лица. гт/

Остани поврзан