• понеделник, 23 декември 2024

Прогласена најдобрата фотографија од дивината за годинава

Прогласена најдобрата фотографија од дивината за годинава
Лондон, 14 октомври 2020 (МИА) - Британскиот природонаучен музеј годинава му ја додели првата награда за фотографија од дивиот свет, на рускиот фотограф Сергеј Горшков. Ова, според многумина, е еден од најпрестижните натпревари за фотографија посветени на животинскиот свет. Војвотката од Кембриџ, Кетрин Мидлтон го објави победникот на овогодишниот натпревар Наградената фотографија е насловена „Прегратка“ и покажува миг кога тигрицата „прегрнува“ едно дрво за да ја обележи својата територија. Сликата од сибирска тигрица е направена во Националниот парк „Земја на леопардите“ во руското Приморје на крајниот исток. Фотографијата од загрозеното животно како ужива во мирот во денешнинава, изгледа „охрабрувачки“, прокоментираа организаторите на натпреварот од Британскиот природонаучен музеј. На настанот беа продадени 49.000 фотографии. Финката Лина Хаикинен пак, го доби признанието најдобра млада фотографка на дивината, за нејзината слика од лисица која се крие, за некој од нејзиното семејство да не ѝ го земе пленот. си/

Остани поврзан