• понеделник, 16 декември 2024

При претрес во Ресенско, пронајдена дрога и приведен дилер

При претрес во Ресенско, пронајдена дрога и приведен дилер

Скопје, 7 декември 2024 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Ресен и од СВР Битола вчера во 19.30 часот го лишиле од слобода Е.А.(51) од ресенското село Грнчари.

МВР соопшти дека по добиена наредба од Основен суд Битола, бил извршен претрес во домот и помошни простории, сопственост на Е.А. во с. Грнчари.

-При претресот биле пронајдени и одземени саксии со марихуана, кеси со марихуана, семки и гранки од канабис, дробилка, различни предмети за одгледување канабис. По документирање на настанот, против Е.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР. хс/лв/

Фото: Министерство за внатрешни работи 

Остани поврзан