• сабота, 23 ноември 2024

Пријавена кражба на документација и компјутерска опрема од канцеларијата на УВМК во Прилеп

Пријавена кражба на документација и компјутерска опрема од канцеларијата на УВМК во Прилеп

Скопје, 12 мај 2024 (МИА) - Од подрачната канцеларија на Управата за водење на матични книги во Прилеп од страна на непознат сторител биле одземени документација, монитори и куќишта од компјутери, информира денеска Министерството за внатрешни работи. 

-На 11.05.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека во период од 10.05.2024 до 11.05.2024 од страна на непознат сторител било влезено во канцелариски простории сопственост на Министерство за правда- Управа за водење на матични книги, подрачна канцеларија Прилеп лоцирана на ул.„Димо Наредникот" во Прилеп при што одзел документација, оштетил дел од документацијата и одзел монитори и куќишта од компјутери. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, наведува МВР во дневниот Билтен. лв/

фото:МИА архива 

 

Остани поврзан