• вторник, 03 февруари 2026

Приштина е најевтината престолнина во Европа, покажуваат податоците на „Нумбео“

Приштина е најевтината престолнина во Европа, покажуваат податоците на „Нумбео“

„Приштина, 3 февруари 2026 (МИА) -  Приштина е најевтината престолнина во Европа според трошоците за живот, кириите, цените на храната и во рестораните, покажуваат податоците на онлајн-платформата „Нумбео“ (Numbeo), една од најголемите светски бази на податоци за стандарди на живот“, пренесе Радио Слободна Европа (РСЕ).

Истовремено, куповната моќ во градот е меѓу најниските во Европа. По неа, на оваа листа следуваат: Атина, Скопје, Белград, Лисабон, Киев, Кишињев и Тирана. Според податоците на „Нумбео“, индексот на трошоци за живот во Њујорк е 100, да во Приштина изнесува 29,17, што ги потврдува податоците на порталот во врска со косовската престолнина како најевтина европска метропола. мв/јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан