• понеделник, 23 декември 2024

Притворени 30 лица за инцидентите во кои беше убиен навивачот на АЕК

Притворени 30 лица за инцидентите во кои беше убиен навивачот на АЕК

Атина, 11 август 2023 (МИА) – Мерка притвор им е одредена на сите 30 навивачи кои денеска дадоа исказ пред истражни судии откако во понеделникот беа уапсени по инцидентите пред стадионот на АЕК во кои беше убиен 29-годишниот навивач на атинскиот тим, јави дописничката на МИА од Атина. 

Процесот на сослушувањето на уапсените 105 лица, започна денеска и ќе продолжи утре и задутре, а хулиганите се поделени во три групи, денеска исказ дадоа 30 лица, утре други 30, а останатите 45 се в недела.

Меѓу оние кои денеска беа сослушани и им беше одредена мерка притвор, 28 се Хрвати, еден е Грк и еден Албанец, а според грчките медиуми, сите се бранеле дека немаат никаква поврзаност со убиството на 29-годишниот. 

Хрватските навивачи негирале дека поседувале ножеви и наводно рекле дека на стадионот стигнале за да го следат тренингот на Динамо Загреб, а не да ги нападнат навивачите на АЕК. ср/рп/

Остани поврзан