• вторник, 25 март 2025

Пристигнаа првите 52,4 милиони евра од Инструментот за реформи и раст од ЕУ за земјава, 24,4 милиони евра за буџетска поддршка (ДПЛ)

Пристигнаа првите 52,4 милиони евра од Инструментот за реформи и раст од ЕУ за земјава, 24,4 милиони евра за буџетска поддршка (ДПЛ)

Скопје, 24 март 2025 (МИА) - Северна Македонија ги доби првите средства во износ од 52,4 милиони евра, од претфинасирањето во рамките на Инструментот за реформи и раст од ЕУ, од кои 24,4 за буџетска поддршка и веќе се уплатени на Министерството за финансии. 

-Пристигнаа средствата од претфинасирањето во рамките на Инструментот за реформи и раст од ЕУ за земјава во вредност од 52,4 милиони евра, односно седум проценти од вкупната вредност на финансиската поддршка која за нашата земја изнесува 750 милиони евра. Оваа исплата е врз основа на барањето за претфинансирање за кое во ноември лани известивме дека како национален координатор за реформската агенда го потпишав и го доствавивме до ЕК. Со ова, Северна Македонија стана првата земја во регионот која ги доби овие средства откако претходно ги заврши правните процедури, а тоа значи дека Договорот за заем и Договорот за грант се веќе ставени во сила, информира денеска на прес-конференција министерот за европски прашања Орхан Муртезани.

Втората важна вест поврзана со Реформската агенда, како што додаде Муртезани, е што на 14 март годинава, до ЕК во предвидениот рок земјава го доставила првото барање за ослободување дополнителни средства во износ од 17,1 милиони евра за имплементација на реформските чекори со краен рок декември 2024 година, кој што потоа беше продолжен од страна на ЕК до февруари 2025 година. Овие реформи вклучувале: усвојување на Закон за јавна внатрешна финансиска контрола, донесување на подзаконски акти од Законот за буџети, операционализација на структурите за праведна танцизиција и донесување на План за 2025 година, измени во Законот за трговски друштва во делот на критериуми за избор на членови во надзорни и управни одбори и во делот на правосудството пополнување на испразните места во судството и Обвинителството.

Од 17,1 милиони евра, 7,96 милиони евра се за директна буџетска поддршка, а останатите 9,15 милиони евра за инвестициски проекти преку заедничкиот фонд на инвестициската рамка за ЗБ.

- Овие средства ќе бидат достапни, откако Комисијата ќе заврши со оценката за исполнувањето на реформите за што на располагање има 90 работни дена, истакна Муртезани.

На новинарско прашање министерот за европски прашања истакна дека од сумата од 52,4 милиони евра 24,4 се веќе легнати на сметката на Министерството за финансии во Народната банка, 15 милиони се грант и се префрлени во Инвестицискиот фонд за ЗБ (WBF), а останатите 13 милиони евра за проекти и се заем и се во процедура на исплата, а се исто така префлени во Инвестицискиот фонд за ЗБ.

Тој додаде дека интензивно е работи на реализација на чекорите за исполнување на периодот до јуни годинава за чии активности се предвидени околу 70,6 милиони евра. 

-Овие чекори предвидуваат активности во важни области како што се подобрувањето на кибер безбедноста, целосна транспозиција на европските директиви за енергетскиот пазар, усвојување нов закон за електронски комуникации, подобрување на управувањето со електронските документи и архивски материјали, како и зголемување на бројот на инспекции на пазарната и трудовата инспекција со фокус на градежништвото, туризмот и земјоделството, како и понатамошни реформи во правосудниот сектор, рече Муртезани.

Истакна дека во годишниот извештај за реформската агенда, што бил доставен до ЕК, бил даден јасен и детално разработен приказ за досегашните конкретни достигнувања, мерливи резултати за следниот период.

На новинарско прашање дали е побарано одложување на дел од обврските во делот на правосудството, поточно дали законите што се потребни да се имплементираат до јуни се дадени на Венецијанската комисија и дали е побарано одложување, Муртезани кажа дека се што е дефинирано во Реформската агенда и е усвоено и од Владата и од ЕК, датумите не можат да се пролонгираат.

-Меѓутоа, согласно регулативата, ако ние одредена реформа не успееме да ја спроведеме до јуни, тоа значи дека од јуни стапува во сила грејс периодот од 12 месеци. Во текот на тие дополнителни 12 месеци ние ќе треба да ги завршиме сите преземени обврски. Меѓутоа, се што се пролонгира, односно се што влегува во грејс перидот, значи дека сите актуелни реформи што не се имплементирани и следните што треба да следуваат, ќе се собираат на крај и имајќи го предвид нашиот институционален капацитет за имплементација на реформите, тоа значи дека колку повеќе ќе се остава за на крај, толку помалце ќе се имплементира, рече тој, додавајќи дека засега нема информација дали законите поврзани со правосудството се дадени на Венецијанската комисија.

Прашан кога ќе биде објавен списокот на инфраструктурни проекти што треба да се финансираат со оваа помош, министерот рече дека списокот е сведен на 22 проекит што, како што посочи, имаат доволно ниво на зрелост и сметаме дека до втората половина на 2027 тие проекти би почнале со реализација бидејќи условот е таков.

-Имајќи предвид дека претходната листа на индикативни проекти беше повеќе список на желби, отколку што ние би сакале некогаш да оствариме и вкупната вредност на тој список беше над 4 милијарди евра. Имајки предвид дека ние во склоп на Реформската агенда за проекти имаме на располагање 401 милиони евра, бевме принудени тој список да го ревидираме. Мислам дека кругот на одобрување на списокот е заокружен и ако истиот не е објавен на веб страната на Министерството, многу скоро тоа ќе се направи, посочи Муртезани.

 

Интеграцијата на земјите од Западниот Балкан во ЕУ е стратегиска цел не само за нив туку и за целата Унија, што се гледа и сега во контекст на конфликтот межу Русија и Украина. Нему треба да

Планот за раст на Западен Балкан за поддршка на земјите од ЗБ кон членство во ЕУ

ЕУ во септември лани ги одобри реформските агенди на земјите од Западен Балкан - Северна Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Косово, во рамки на новиот Инструмент за реформи и раст во износ 6 милијарди евра, познат како План за раст на Западен Балкан.

Според формулата од Регулативата за инструментот за реформи и раст, усвоена од страна на Европскиот парламент и Советот на ЕУ, земјава треба да добие 750,4 милиони евра за периодот 2024-2027 година, поделени во неколку транши. Овие средства ќе бидат условени со реализација на конкретни квалитативни и квантитативни чекори поврзани со мерките за планираните реформи. 

Советот на Европската Унија на почетокот од мај 2024 година го одобри Планот за раст на Западен Балкан, кој со обезбедените дополнителни 6 милијарди евра треба да ги поддржи земјите на патот кон членство во ЕУ. нд/ац/

Фото: МИА архива

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан