• петок, 08 ноември 2024

Пристапот до финансии најголема пречка за младите претприемачи, ЕБОР со девет милиони евра ја поддржува инклузивноста на младите во бизнисот

Пристапот до финансии најголема пречка за младите претприемачи, ЕБОР со девет милиони евра ја поддржува инклузивноста на младите во бизнисот

Скопје, 23 ноември 2023 (МИА) - Претприемачите во Северна Македонија продолжуваат да се соочуваат со бариери кога станува збор за пристап до партнерства, стекнување нови знаења, како и пристап до нови пазари, што го попречува потенцијалот за економски раст на регионот. Ова беше пораката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на нивната прва сесија наменета за промовирање на младинското претприемништво со поддршка на програмата „Младите во бизнисот“, со финансиски пакет од девет милиони евра наменет за ПроКредит Банка.

Со два мииони евра ќе се поддржат локалните микро, мали, и средни претпријатија, кои се во сопственост или управувани од претприемачи под 35 години, доколку пак, за инвестиции во зелена енергија од страна на малите и средни претпријатија ќе бидат наменети седум милиони евра.

На настанот свои обраќања имаа амбасадорите на Италија и Шведска, Андреа Силвестри и Ами Ларсон Џеин, како и вицегувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, Ана Митреска.

Амбасадорот на Италија во земјава, Силвестри, посочи дека најголемата пречка на младите претприемачи е пристапот до финансии, бидејќи како што рече, финансиските институции ги перцепираат како ризични за финансирање.

-На младите бизнисмени и менаџери им е потребна дополнителна поддршка за да го остварат својот потенцијал и да придонесат за стабилен економски раст. Оваа поддршка треба да се обезбеди за земјите од Западен Балкан, во спротивно, овие недостатоци може да бидат уште една причина за миграција и одлив на младите, потенцираше Силвестри и додаде дека младите претприемачи повеќе реагираат на променливите економски можности и трендови, затоа можат да имаат витална улога во нашите економии.

Амбасадорката на Шведска, Ларсон Џеин, рече дека нејзината земја останува посветена на поддршката на зајакнувањето на младите, препознавајќи го трансформативниот потенцијал својствен во негувањето на претприемачкиот дух.

Џеин посочи дека силниот иновациски дух произлегува од културата на промовирање на љубопитност во нехиерархиска структура, која ги охрабрува вработените да ги споделат своите идеи.

-Шведска е среќна што стана центар за бројни иновативни претприемачи и старт-ап. Некои од најпознатите примери на оваа силна иновациска култура се компаниите „Skype“, „Spotify“, како и креаторите на „Minecraft“, истакна Ларсон Џеин.

Претприемачите во Северна Македонија продолжуваат да се соочуваат со бариери кога станува збор за пристап до партнерства, стекнување нови знаења, како и пристап до нови пазари, што го попречу

Истражувањата укажуваат дека младите се соочуваат со посебни предизвици во пристапот до финансии, рече вицегувернерката на Народната банка, Aна Митреска, бидејќи како што рече често се случува новите бизниси, вклучително и оние на младите луѓе, да останат надвор од периметарот на традиционалното банкарско финансирање поради недостаток на кредитна историја, недостаток на обезбедување, високи трансакциски трошоци и отсуство на соодветен финансиски инструмент.

Говорејќи за желбите на младите луѓе и фактичката состојба на пазарот на трудот, Митреска истакна дека невработеноста кај младите во Европа е намалена во последната декада, од 20 % на 11 %, додека пак, во македонската економија стапката исто така се намалува, но и натаму е значително повисока од таа во ЕУ и изнесува 25%. ра/ев/

Фото: МИА/Архива/Народна банка 

 

Остани поврзан