• петок, 26 јули 2024

Припадниците на кумановската полиција даруваа крв

Припадниците на кумановската полиција даруваа крв

Куманово, 8 јули 2024 (МИА) - Припадниците на кумановската полиција, денеска даруваа крв на крводарителска акција која се одржа денеска во просториите на СВР Куманово, информираа од полицијата. Ова е втора редовна крводарителска акција на припадниците на СВР Куманово.

- Во периодот од 09:00 до 15:00 часот, во просториите на СВР Куманово е спроведена редовна крводарителска акција на вработените во СВР Куманово, во која се собрани 20 крвни единици. Имено, оваа крводарителска акција како индивидуален одраз на хуманост и на солидарност е втора по ред од предвидените три за 2024 година, што полициските службеници ги реализираат според годишниот план за крводарителство на СВР Куманово. Со секоја крводарителска акција припадниците на полицијата придонесуваат и за афирмација и унапредување на крводарителството во МВР, информираа од СВР Куманово.

Од општинската организација на Црвениот крст денеска информираа дека од почетокот на годинава до јуни организирани се 22 крводарителски акции на подрачјето на општинската организација на кои  собрани се 1.412 крвни единици. Покрај денешната во кумановската полиција, до крајот на јуни ќе се организира уште една акција во просториите на општина Старо Нагоричане. ам/дма/


Фото: Црвен Крст Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан