• вторник, 17 декември 2024

Принцот Вилијам објави емотивно обраќање за кралицата

Принцот Вилијам објави емотивно обраќање за кралицата
Лондон, 10 септември 2022 (МИА) – Принцот од Велс, Вилијам, и оддаде почит на својата баба, кралицата Елизабета Втора, во обраќање кое го објави палатата Кенсингтон. Обраќањето го пренесуваме во целот: „Во четвртокот, светот загуби извонреден лидер, чија посветеност кон земјата, кралството и Комонвелтот беше апсолутна. Толку многу ќе се зборува во деновите што следат за значењето на нејзиното историско владеење. Јас, меѓутоа, изгубив баба. И додека тагувам што ја загубив, се чувствувам и неверојатно благодарен. Имав корист од мудроста и уверувањето на кралицата до мојата петта деценија. Мојата сопруга имаше 20 години нејзино водство и поддршка. Моите три деца поминуваа празници со неа и создадоа спомени кои ќе траат цел живот. Таа беше покрај мене во моите најсреќни моменти. И беше покрај мене во најтажните денови од мојот живот. Знаев дека ќе дојде овој ден, но ќе помине некое време додека не почне вистински да се чувствува реалноста на животот без баба. И благодарам за љубезноста што ја покажа за моето семејство и за мене. И ѝ благодарам во име на мојата генерација што даде пример за служење и достоинство во јавниот живот кој беше од различна возраст, но секогаш важен за сите нас. Познати се зборовите на мојата баба која рече дека тагата е цената што ја плаќаме за љубовта. Целата тага што ќе ја чувствуваме во наредните недели ќе биде доказ за љубовта што ја чувствувавме кон нашата извонредна кралица. Ќе го почитувам нејзиниот спомен со тоа што ќе го поддржам мојот татко, кралот, на секој начин што можам“. јт/

Остани поврзан