• петок, 05 декември 2025

Примопредавање на функцијата директор во Центарот за управување со кризи

Примопредавање на функцијата директор во Центарот за управување со кризи

Скопје, 27 мај 2025 (МИА) – Во просториите на Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска се одржа официјалната церемонија на примопредавање на должноста директор. Новоименуваниот директор, Мухамед Аљи, изрази благодарност за укажаната доверба и ја нагласи својата заложба за ефективно и ефикасно справување со кризните состојби.

-Ќе се работи посветено на унапредување на капацитетите на Центарот, со посебен акцент на меѓуинституционалната соработка, навременото информирање и брзата реакција во случаи на криза, истакна Али, објави ЦУК на Фејсбук.

Центарот за управување со кризи останува клучна институција во системот за заштита на населението и координација при справување со кризни ситуации од различна природа.

На денешната церемонија, на досегашниот директор Стојанче Ангелов му беше изразена благодарност за неговиот ангажман и придонес во унапредувањето на работата на Центарот.

Ангелов беше избран за в.д директор на Дирекцијата за заштита и спасување. ев/лв/

ФОТО: Фејсбук 

Остани поврзан