• среда, 25 декември 2024

Пригожин му одговори на Путин: Нема да се предадеме, Русите не сакаат веќе да живеат во корупција и лаги

Пригожин му одговори на Путин: Нема да се предадеме, Русите не сакаат веќе да живеат во корупција и лаги

Москва, 24 јуни 2023 (МИА) – Лидерот на руската платеничка војска од групата „Вагнер“,Евгениј Пригожин, денеска, во одговор на обраќањето на рускиот претседател Владимир Путин,   изјави дека тој и неговите луѓе нема да се предадат, пренесе Хина.

Путин претходно вети дека ќе го уништи, како што го нарече, овој вооружен бунт, откако приватната армија на Пригожин ја презеде контролата врз јужниот град Ростов, како дел од обидот да го собори военото раководство.

-Претседателот е во длабока заблуда кога зборува за предавство. Ние сме патриоти, се боревме и се бориме за татаковината, рече Пригожин во аудио пораката. 

„Никој нема да се предаде по наредба на претседателот, ФСБ (безбедносна служба) или кој било друг, бидејќи не сакаме земјата да продолжи да живее во корупција, измама и бирократија“, додаде лидерот на „Вагнер“. сд/

Остани поврзан