• петок, 05 декември 2025

Привршува изградбата на канализацијата во село Пиперево, Општина Василево

Привршува изградбата на канализацијата во село Пиперево, Општина Василево

Струмица, 22 септември 2025 (МИА) - Во Пиперево се градат последните краци фекална канализација, објави градоначалникот на Василево, Славе Андонов.

-Ова е проект за кој одамна зборувавме. Нешто што беше потреба за секојдневниот живот на луѓето и конечно тоа станува реалност, напиша Андонов.

Канализацијата е долга 1.438 метри со средства обезбедени преку вториот владин повик за средства од унгарскиот кредит во износ од 6.922.801 денари. Покрај тоа се гради уште еден крак во должина од 156 метри и во износ од 1.166.102 денари обезбедени од сопствените приходи на Општината.

Со завршувањето на изградбата на овие краци, Пиперево ќе биде комплетно покриено со систем за фекална канализација а со тоа и сите домаќинства ќе имаат можност да се приклучат на канализациониот систем.

Инаку, цената за приклучување на домаќинствата на системот за фекална канализација изнесува 20.000 денари. рт/дма/

Фото: Општина Василево

Остани поврзан