• среда, 25 декември 2024

Привршуваат подготовките за прилепскиот Карневал „Прочка 2022“, учествуваат над 500 маскирани

Привршуваат подготовките за прилепскиот Карневал „Прочка 2022“, учествуваат над 500 маскирани
Прилеп, 2 март 2022 (МИА) - Прилеп е подготвен за карневалот „Прочка 2022“, по двегодишна пауза на манифестацијата. Досега се пријавени преку 500 учесници, а прилепските мечкари, заштитната маска на Карневалот ги сошија костимите со нови кожи, вложувајќи во вековната заштитна карневалска маска, прогласена за нематеријално богатство од Министерството за култура. В недела напладне во центарот на Прилеп ќе дефилираат бројните маски. Поради двегодишната пауза, годинава е 20-тото, јубилејно издание на карневалот. Карневалските настани почнуваат в петок со традиционалната изложба на маски во Центарот за култура „Марко Цепенков“. Според Снежана Ристеска, советник за култура во прилепската локална самоуправа, се прават поседните подготовки, посебно „Прилепските мечкари“ кои се организатори. Активностите ќе започнат со отворање на изложбата, в петок напладне во Центарот за култура „Марко Цепенков“ која секоја година е сведок на најразлични креации на маски изработени од учениците во основните и од средните училишта, под менторството на нивните наставници. Ќе бидат прогласени и најдобрите маски. Жири комисијата која ќе го спроведе изборот е под водство на претседателот на друштвото на ликовни теуметници од Прилеп, Методи Исков, и на членовите Маја Најдоска и Елена Димоска. - Централен настан е дефилето на маски во недела, на кое ќе се претстават групни и поединечни маски од Прилеп и од други градови од Македонија, а стартот е од пред Центарот за култура „Марко Цепенков“. Трасата ќе буде до плоштадот „Методија Андонов Ченто“, каде што ќе биде главното претставување со кореографија и музика. Очекуваме околу 500 учесници во 15-тина групни маски, некои од нив бројат и над 50 учесници. Досега се пријавени учесници од Кавадарци, Пробиштип и Охрид, односно Куратица. Покрај дефилето ќе има куклено шоу, магионичари, жонглерски и други атракции, за сето тоа да заврши со заедничка забава и концерт на групата „Фолтин“ централната бина, објаснува Ристеска. Жири комисија ќе ги оценува најдобрите три маски и гран -при наградата за најдобра карневалска маска. - За најубавите маски ќе има и награди за кои ќе одлучува стручна жири комисија. Претседател на комисијата е Кире Миладиноски-кореограф на танц студиото „Зодијак“, а членови се Цветан Волчески наставник и Хилда Црнеска член на ФЕК. Одлуката за продолжување на работното време на сите кафетерии и ресторани, донесена од советот на Прилеп е со важност, така што, забавата во вечерните часови в недела, може да потрае на задоволство на младите генерации, рече Ристеска. Ванчо Георгиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари“, организатори на карневалот вели дека поради пандемијата и големите протоколи годинава, по двегодишна пауза, карневалот е со домашни учесници, републички. Обновена е заштитната маска, која од Министерството за култура е прогласена за нематеријално богатство. - Главно се насочивме во обновувањето на маските на мечкарите. Обезбедивме доволен број кожи: ги штавевме, ги сошивме, изработивме нови. Значи, прилепските мечари ќе учествувата, за првпат, со нови костими, што за нас е посебно задоволство, бидејќи со истите костими ќе настапуваат на меѓународните карневали. придонесот е што го возобновивме карневалот. Двегодишна пауза, карневалот беше пред „замирање“, а тоа е најнепосакуваното за ваква вековна традиција на маскирање за Прочка. Го водобновивме, а битно е што годинава се одржува. Две години „прескокнавме“, ова одржување е многу битно за традицијата. Знаејќи дека се изготвуваат маските, сметаме дека ќе биде еден од подобрите карневали во земјава. В недела ќе имаме едно наше, прилепско идание на Карневалот, а во идните години ќе с епотрудиме да го вратиме стариот облик на Прилепскиот карневал. Ние сме ретките во македонија со заштитена маска, која е вековно наследство, вели Георгиев. Прилепскиот градоначалник Борче Јовчески го изразува задоволството што карневалот се одржува по двегодишна пауза и ги покани сите да учествуваат и да го следат дефилето на маските во недела на Прочка. ем/цр

Остани поврзан