• петок, 05 декември 2025

Приведен 70-годишен штипјанец, допирал по тело малолетничка

Приведен 70-годишен штипјанец, допирал по тело малолетничка

Скопје, 29 јули 2025 (МИА) - Полицијата денеска во 8:15 часот во Штип го лишила од слобода Ѓ.П.(70) од Штип.

Како што соопшти МВР, полицијата постапила по претходна пријава дека Ѓ.П. на 28 јули 2025 во Штип допирал по телото малолетничка од Штип.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. мд/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан