• вторник, 24 декември 2024

Приведен 39-годишник поради сомнение за кражба во демирхисарско село

Приведен 39-годишник поради сомнение за кражба во демирхисарско село

Скопје, 4 февруари 2023 (МИА) - Приведен е 39-годишник од охридското село Велгошти поради сомнение за кражба во демирхисарско село, информираат од Министерството за внатрешни работи.

- Полициски службеници од СВР Битола - Полициско одделение Ропотово, вчера во 11 часот во селото Слепче, демирхисарско, го лишиле од слобода Д.В. од село Велгошти, охридско. Тој се сомничи дека ден претходно, во периодот од девет до 16 часот, со употреба на сила и подесен алат, влегол во куќата на 81-годишното лице со иницијали С.В. од село Слепче и одзел пари, се појаснува во соопштението.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. бд/бак/

Остани поврзан