Приведен 28-годишен скопјанец зошто го нарушил јавниот ред и мир
- Полициски службеници од СВР Скопје синоќа, во 21.15 часот, го привеле М.К.(28) од Скопје затоа што во двор на верски објект на булевар „Партизански одреди“ го нарушил јавниот ред и мир.

Скопје, 16 април 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје синоќа, во 21.15 часот, го привеле М.К.(28) од Скопје затоа што во двор на верски објект на булевар „Партизански одреди“ го нарушил јавниот ред и мир.
Како што се наведува во МВР-билтенот, М.К. агресивно се однесувал кон присутните во објектот.
По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. мд/нд/