Приведен 26-годишен крадец во Скопје
- Полициски службеници вчера го лишиле од слобода Џ.Б.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека истиот ден на улица „Македонија“ во зграда, сопственост на правно лице, извршил крив
Скопје, 9 септември 2022 (МИА) - Полициски службеници вчера го лишиле од слобода Џ.Б.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека истиот ден на улица „Македонија“ во зграда, сопственост на правно лице, извршил кривично дело „тешка кражба“.
Како што информира МВР, со пријавениот бил извршен службен разговор, во кој тој го опишал извршувањето на кривичното дело, кое го извршил заедно со еден малолетник.
И малолетникот бил повикан во полициска станица и во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетничка деликвенција и со него бил извршен разговор.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на оштетениот. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. мд/ац/