• четврток, 26 декември 2024

Приведен угостител од Пробиштип поради непочитување на работното време на угостителски објект

Приведен угостител од Пробиштип поради непочитување на работното време на угостителски објект
Скопје, 4 јануари 2021 (МИА) - Полициски службеници oд ОВР Пробиштип вчера извршиле контрола на угостителски објекти во Пробиштип во поглед на почитување на работното време. При контролата, во 18.25 часот во угостителски објект на градскиот плоштад, сопственост на И.М. (44), биле затекнати повеќе гости кои биле послужени со пијалаци. Како што информира МВР, сопственикот И.М. бил лишен од слобода и приведен во ОВР Пробиштип, а за настанот бил известен Државниот пазарен инспекторат за преземање на мерки од нивна надлежност. - По консултации со јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против И.М. ќе биде поднесена кривична пријава, поради сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ по член 206 од Кривичниот законик, се наведува во соопштението на МВР. бт/сп/

Остани поврзан