Приведен тетовец за напад на телевизиски снимател
- Тетовската полиција денеска приведе жител на градот кој еден час претходно нападнал телевизиски снимател. Инцидентот се случил претпладнево околу 11 часот на улицата „Илинденска“, каде снимат

Тетово, 24 март 2022 (МИА) - Тетовската полиција денеска приведе жител на градот кој еден час претходно нападнал телевизиски снимател. Инцидентот се случил претпладнево околу 11 часот на улицата „Илинденска“, каде снимател работел и снимал со камера.
-Полициски службеници на СВРТетово го привеле 31-годишниот Ј.М.од Тетово, кој во 13 часот и 50 минути бил пријавен од 19-годишниот тетовец Б.П. дека околу 11 часот и 15 минути на улица Илинденска" во Тетово, физички го нападнал додека тој извршувал професионални снимателски задачи. Приведениот Ј.М. задржан е во Полициската станица Тетово, информираше Марјан Јосифоски, порпарол на СВР Тетово.
По целосно документирање на случајот, ќе му биде изготвен соодветен поднесок на приведениот 31 годишник.ас/бт/