• сабота, 27 јули 2024

Приведен скопјанец за кражба на скутер

Приведен скопјанец за кражба на скутер
Скопје, 8 февруари 2021 (МИА) - Полицијата приведе 28-годишен скопјанец за кражба на скутер на улица „Васко Карангеловски“ во Скопје. -Во текот на вчерашниот ден по преземени мерки од страна на полициски службеници од ОКР Аеродром и Драчево лишен е од слобода А. Б. (28) од Скопје, поради кражба на скутер „пијаџо“ пријавена во текот на вчерашниот ден на улица „Васко Карангеловски“ во Скопје. По преземени мерки и активности пронајден е и скутерот, информираат од МВР. Најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривични пријава. аа/лв/

Остани поврзан