Приведен криумчар на мигранти
- Полицијата денеска попладне околу 17 часот на автопатот „Пријателство“, меѓу Табановце и Куманово го лиши од слобода И.Ѓ.(32) од Гевгелиско.

Скопје, 1 јануари 2024 (МИА) - Полицијата денеска попладне околу 17 часот на автопатот „Пријателство“, меѓу Табановце и Куманово го лиши од слобода И.Ѓ.(32) од Гевгелиско.
Како што информира МВР, И.Ѓ. во патничко моторно воџило „пежо“ превезувал три лица мигранти од Непал.
-По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, се наведува во соопштението. мд/дма/
Фото: МИА архива