Приведен криминалец баран за затворска казна од три години
- Полициски службеници од СВР Куманово денеска во 8 часот го лишиле од слобода Љ.Р.(30) од Куманово.
Скопје, 18 декември 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово денеска во 8 часот го лишиле од слобода Љ.Р.(30) од Куманово.
МВР соопшти дека тој бил баран по потерница за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик.
Љ.Р. бил спроведен во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната. цр/дма/
Фото: МИА архива