Приведен кавадарчанец, осомничен за кражба на мотоцикл
- Тој се сомничи дека во гаража во градот, сопственост на Б.П., на возраст од 45 години од Кавадарци, извршил кражба при што одзел мотоцикл. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, појаснија од СВР - Велес.
Кавадарци, 13 февруари 2026 (МИА) - Полициски службеници лишиле од слобода 41-годишен кавадарчанец со иницијали Б.О., синоќа во 22:30 часот во Кавадарци, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Тој се сомничи дека во гаража во градот, сопственост на Б.П., на возраст од 45 години од Кавадарци, извршил кражба при што одзел мотоцикл. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, појаснија од СВР - Велес.
Известен бил јавен обвинител и како што додадоа од СВР - Велес, по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. свд/бд/
Фото: МИА архива