• недела, 21 јули 2024

Приведен жител на Липково, се обидел да одземе пари од вработена во обложувалница

Приведен жител на Липково, се обидел да одземе пари од вработена во обложувалница
Куманово, 5 април 2022 (МИА) - Жител на Липково се обидел да украде пари од вработена во спортска обложувалница, соопшти полицијата.
- Вчера во 14:55 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Л.А.(55) од Липково. Тој, во спортска обложувалница на улицата „Борис Кидрич“ во Куманово се обидел да одземе пари од вработената, соопшти полицијата.
Л.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ам/ар/

Остани поврзан