Приведен дилер на дрога во струмичко
- Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, синоќа во 19:00 часот во струмичкото село Василево, го лишиле од слобода Т.М.(39) од село Василево, бидејќи кај него биле пронајдени амфетамин и марихуана.
Скопје, 18 јули 2024 (МИА) - Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, синоќа во 19:00 часот во струмичкото село Василево, го лишиле од слобода Т.М.(39) од село Василево, бидејќи кај него биле пронајдени амфетамин и марихуана.
Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, подоцна со судска наредба бил извршен претрес и во неговиот дом во село Василево, при што биле пронајдени и одземени една тегла и неколку пакувања со марихуана, повеќе пакувања со амфетамин и една дигитална вага.
-Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против Т.М. ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР. дма/мд/
Фото: МИА архива