Приведен дилер на амфетамин во Скопје
- Полицијата денеска приведе едно лице бидејќи при претрес во неговиот дом пронашла едно поголемо полиетиленско пакување со синтетичка дрога амфетамин и марихуана, како и сад со синтетичка др

Скопје, 14 ноември 2021 (МИА) - Полицијата денеска приведе едно лице бидејќи при претрес во неговиот дом пронашла едно поголемо полиетиленско пакување со синтетичка дрога амфетамин и марихуана, како и сад со синтетичка дрога амфетамин и вага со остатоци од амфетамин.
- Во координирана полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција -Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, денеска бил извршен претрес на ул. „Љуба Петровиќ“ кај Ж. Ј. (39) во Скопје, соопшти МВР.
Ж.Ј. е лишен од слобода и спроведен во полициската станица Гази Баба и против него ќе биде поднесена кривична пријава. мс/бак/