• петок, 05 декември 2025

Приведен дилер во Куманово

Приведен дилер во Куманово

Скопје, 12 мај 2025 (МИА) - Четириесет и тригодишен кумановец вчера е приведен, бидејќи полицијата при претрес во неговиот дом пронашла дрога.

-Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 9:00 часот, го лишиле од слобода М.П.(43) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени амфетамин, марихуана, дигитална вага и пари. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан