• понеделник, 16 декември 2024

Приведен дилер во Гази Баба

Приведен дилер во Гази Баба

Скопје,  5 декември 2024 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје,  вчера по претходно добиена судска наредба од Основниот кривичен суд Скопје, извршиле претрес во домот на М.С.(19) од Скопје, на подрачјето на Гази Баба.

Како што соопшти МВР, при претресот е пронајдена и одземена марихуана. М.С. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик. дма/бак/

Фото: МВР

Остани поврзан