• среда, 25 декември 2024

Приведен гостиварец за издржување на казна затвор

Приведен гостиварец за издржување на казна затвор

Скопје, 20 април 2022 (МИА) - Полициски службеници уапсиле 30-годишен гостиварец за издржување затворска казна за сторена тешка кражба, соопшти Министерството за внатрешни работи.

- Вчера во 10:50 часот во гостиварско Чегране, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 30-годишниот Ш.Ф. од ова село. За него била издадена судска наредба со која се барал за издржување на затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“, казниво по член 236 од Кривичниот законик, посочија од МВР.

По приведувањето, лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната.фф/дма/

Остани поврзан