Приведен гостиварец за издржување затворска казна
- Тој бил осуден на едногодишна затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Скопје, 4 април 2023 (МИА) - Полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар, со судска наредба, синоќа околу 19.30 часот го привеле 31-годишниот гостиварец О.А., информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.
Тој бил осуден на едногодишна затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Тетово“ за издржување на казната. бд/дма/
Фото: МИА архива