• сабота, 23 ноември 2024

Приведен гостиварец баран со централна потерница 

Приведен гостиварец баран со централна потерница 
Скопје, 14 март 2022 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица од Велес вчера го лишиле од слобода А.С.(29) од Гостивар, со престој во Велес. Тој се барал по распишана Централна потерница од ОВР Гостивар, на барање на Основен суд Гостивар за издржување на казна затвор. Од МВР денеска информираа дека лицето е приведено во полициска станица и ќе биде спроведено во Казнено-поправната установа Затвор – Тетово за издржување на казната. цр/дма/

Остани поврзан