Приведен возач во Македонски Брод, управувал возило со 2,39 промили алкохол во организмот
- Возилото „Југо“ со прилепски регистарски ознаки било запрено кај локална патна контрола, а по извршен алкотест, кај возачот биле измерени 2,39 промили алкохол во крвта.
Скопје, 5 авгут 2025 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Македонски Брод вчера во 11:35 часот го привеле 54-годишниот В.С. од Македонски Брод, откако при сообраќајна контрола било утврдено дека управувал возило под дејство на алкохол.
Возилото „Југо“ со прилепски регистарски ознаки било запрено кај локална патна контрола, а по извршен алкотест, кај возачот биле измерени 2,39 промили алкохол во крвта.
Лицето е задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“. ар/дма/
Фото:МИА архива